Крофна со платина и сребро со цена од 150 долари

53

credit_tim_williams_photography_-2Manila Social Club, ресторан во Бруклин, во своето мени нуди десерт што нема да ве остави рамнодушни, пишува Page six. Станува збор за крофна обложена со сребро и платина, полнета со фил од текила и со необичен вкус на роза, цитрусно овошје, чили и ѓумбир.

За да ја направи оваа скапоцена крофна, ресторанот ги здружи силите со брендот за алкохолни пијалоци Patron Platinum.

Оние што сакаат да ја пробаат крофната треба да платат 150 долари, а парите од секое продадено парче одат во американско здружение за борба против ракот.

PATRON-and-DONUT.00_27_40_05.Still008-1200x675we-tried-the-150-platinum-doughnut-thats-infused-with-tequila-heres-how-it-tasted