Крстевска: Важна е родовата еднаквост во спортот, се повеќе се зголемува бројот на жени атлетичарки

43

„Да… и жените можат!” под ова мото на Пелистер, Атлетската федерација на Македонија го организираше семинарот Жени лидерки преку кој имаше за цел да докаже дека спортот, а преку него и атлетиката има моќ да ја направи родовата еднаквост реалност.

Ана Крстевска, членка на Управниот одбор при АФМ, вели дека главна тема е родовата еднаквост, нешто што оваа федерација работи постојано. Добро е познато дека на чело на АФМ стои дама во името на Александра Војнеска Зикова.

– Станува збор за семинар кој одработува теми за жената, спортот, лидерството, родовата еднаквост. Ова се теми кои што интензивно се говорат во глобални рамки. 25 учеснички од 16-тина клубови беа дел од овој семинар. Нашиот предизвик го исполнивме а тоа е да воспоставиме едно вмрежување, еден систем на меѓусебна поддршка со цел да се унапредат жените односно да се зголеми нивната бројка како учеснички во спортот на сите нивоа.

Како Федерација ова е наша цел заедно со претседателката Александра Војнеска Зикова која после долги години таа е прва жена претседателка во Атлетската Федерација. Таа е жена која што е визионерка и интензивно работи на инклузивност односно вклопување на жените во спортот на секое ниво, од органите на управување до тренерите и сите жени учеснички како официјални, партиципацијата на жените во спортот, вели Крстевска.

Семинарот беше организиран од страна на АФМ а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.