Куба дозволува создавање приватни Wi – Fi мрежи и интернет кафулиња

25

Фото: Pixabay

Властите во Куба дозволија создавање на приватни Wi – Fi мрежи, интернет кафулиња и увоз на опрема за таа цел, пренесува Havana Times.org.

Новите правила, што стапуваат на сила кон крајот на јули оваа година, ќе легализираат илјадници домашни интернет мрежи, коишто во моментот се нелегални, но најчесто се толерираат од властите.

Рестораните и кафулињата, исто така, на своите гости ќе им понудат интернет конекција, којашто е засега е достапна само за хотелите.

Куба беше една од земјите со најограничен пристап до интернет, што според многумина е афирмирање на обидот да се потисне слободата на говорот.