Куба го доби првото јавно место за бесплатен безжичен интернет

57

cuba wi fi

Националниот телекомуникациски оператор на Куба Etecsa, го одобри отворањето на првото јавно место во Хавана каде што бесплатно ќе може да се користи безжичен интернет, пишува BBC.

Отворањето и управувањето на овој локал му припадна на артистот Кчо (Kcho), кој има блиски релации со кубанската влада. Услугите ќе ги нуди преку сопствена интернет врска, што претходно беше одобрена од властите, за која месечно плаќа околу 900 $.

Се проценува дека само меѓу 5% и 25% од Кубанците имаат пристап до интернет, а главна причина за тоа е неговата превисока цена. На пример, еден час поминат во интернет кафуле чини околу 4,5$, што е околу просечниот износ што еден жител на Куба го заработува за една недела.