Куба го ограничува користењето на готовина

112

Во Куба стапија на сила нови правила кои ја ограничуваат употребата на готовина и поттикнуваат електронски плаќања.

Некои од промените вклучуваат забрана за компаниите да користат банкомати и ограничување до 1.500 кубански пезоси (57 евра) во готовински плаќања во договорните односи, пренесува Ansa.

Според извештајот, една од причините за оваа мерка се „високите трошоци поврзани со издавањето, транспортот, обработката и складирањето на готовина, како и зголемената побарувачка за бројот на банкомати за подигање пари“, велат властите.

Пред неколку дена корпорацијата Чимек С.А. најави дека од 1 септември до 31 октомври постепено ќе започне со елиминирање на готовината како платежно средство на бензинските пумпи низ државата.

Во официјалното соопштение Чимек појасни дека за таа цел за набавка на гориво се користени различни средства за електронско плаќање, меѓу кои се чип картички за државниот и недржавен сектор, картички со магнетна лента (национална и меѓународна), еднократни при-пејд картички и картичка со чип што се полни, објави Кубанската новинска агенција.

Фото: Pixabay