Куба легализираше независно производство на филмови

30

Куба донесе закон со којшто се легализира независното продуцирање на филмови во земјата. Со потегот се очекува да се олесни процесот на производство на филмови.

Иако филмови од кубанско потекло освојувале меѓународни награди на фестивали, недостасуваше домашната дистрибуција. Од 23-ти август, според новата легислатива, аудиовизуелниот и кинематографскиот творец на независни филмови добива признание како таков, а освен тоа ќе се креира и национален филмски фонд. Сепак, дистрибуцијата останува контролирана од државата, пишува Reuters.

Поголемиот дел од филмските продуценти од Куба денес работат надвор од државните институции, поради фактот што така имаат поголема слобода за креативност. Со новиот закон тие ќе можат да аплицираат за да станат економски субјекти кои би можеле официјално да ангажираат луѓе и да отворат банкарски сметки.

Исто така, ќе се креираат и три нови лиценци од приватниот сектор за оние кои работат на независни филмски проекти: оператор на филмска опрема, кастинг директор и асистент на продукција.

Фото: Pexels