Kuehne + Nagel го продолжи повеќегодишниот договор со Terex Corporation

40

Фото: Kuehne + Nagel 

Kuehne + Nagel го објави продолжувањето на повеќегодишниот договор со Terex Corporation, еден од водечките светски производители на опрема за кревање и обработка на материјали. Соработката меѓу Kuehne + Nagel и Terex започна во 2013 година и на Terex му овозможува да ја подобри контролата и видливоста на процесот на управување со транспортот преку KN ControlTower.

Новиот договор ја проширува соработката со вклучување на сите сегмент на Terex, проширување на географскиот опсег на Европа и Азија и вградување на комплетен синџир на снабдување со суровини на крајниот потрошувачи. Kuehne + Nagel служи како единствена точка за контакт на Terex.

“Оваа соработка ја нагласува клучната улога во логистичкото решение што ги поддржува потребите на глобалниот бизнис на Terex и нивните клиенти. Дополнителните дигитални решенија ќе му овозможат на Terex да вклучи аналитичко и дигитално моделирање на синџирот на снабдување“, изјави Џанфранко Сгоро, член на Управниот одбор на Kuehne + Nagel International AG, одговорен за логистика на склучени договори.

KN ControlTower е производ на Kuehne + Nagel Integrated Logistics што обезбедува услуги за управување со потребите на клиентите, поедноставувајќи го синџирот на снабдување со потребните решенија. Оваа услуга прави комбинација од индустриската експертиза на компанијата, ресурси за логистика и иновативна технологија за да се обезбеди координација што нуди зголемена видливост на протокот на производ, податоци и плаќања. Услугата им овозможува на клиентите да ги оптимизираат оперативните трошоци за логистика како и времето на управување со процесите.