Kuehne + Nagel и Airbus ја продолжуваат логистичката соработка

KNAirbus, еден од светските производители на авиони, го обнови договорот со својот логистички партнер Kuehne + Nagel до 2016 година. Kuehne + Nagel ќе продолжи да управува со целата логистика на Airbus во Франција, Германија, Шпанија, Велика Британија и Кина, за сите програми на производстото. Компанијата дополнително ќе биде вклучена во оперативните процеси, со цел да се зголеми ефикасноста на работата во ланецот на набавки.

“Продолжувањето на договорот со Kuehne + Nagel е потврда на нашето долгогодишно партнерство и сметаме дека оваа цврста соработка ќе го подобри производствениот логистички систем на Airbus“, изјави Бертранд Џорџ, оперативен менаџер на Airbus и одговорен за глобалната логистика и транспорт на Airbus.

Како една од водечките логистички компании за авионска логистика, Kuehne + Nagel нуди логистички услуги за договорна логистика уште од 2003 година, а од 2008 овој логистички добавувач ги врши сите логистички услуги во Европа за Airbus. Во последниве години, обемот на активности и географскиот опсег се прошируваат континуирано. Опсежниот пакет услуги на Kuehne + Nagel за Airbus ги опфаќа сите стандардни логистички услуги, како што се примање на пратките, проверка на квалитетот, складишнина, одбирање и пакување. Како дополнение, Kuehne + Nagel го зголеми портфолиото на додадени услуги со преземање на задачи кои не се директно поврзани со главниот бизнис на Airbus, како што се преземање, китирање, постпродажна подршка и пакување на крилата за авионите од типот А380. Како дел од договорот, Kuehne + Nagel целосно се фокусира на извонредната оперативна подршка во производството на Airbus и развој на новите програми како што се А350XWB и A320neo.

“Бизнис партнерството помеѓу Kuehne + Nagel и Airbus покажува како додадените вредности за двата партнери може да бидат насочени кон конкурентност, задоволување на потребите на клиентите и првокласна услуга, со посветеност на тековната оптимизација и иновација“, изјави Роберт Берганус, постар вицепремиер за договорна логистика во Kuehne + Nagel.