Kuehne + Nagel Македонија: Локален партнер за глобална поврзаност

105

7

Kuehne + Nagel Македонија ја основа канцеларијата во земјава пред 20 години, во 1996 година и денес е една од водечките компании во Република Македонија која пружа логистички услуги на домашни и меѓународни клиенти. Седиштето на Kuehne + Nagel Македонија во кое се вработени 28 професионалци се наоѓа во индустриската зона Визбегово, Скопје.

Стручноста, широкиот спектар на услуги во превозот и блиската соработка со најдобрите превозници во својата класа ѝ овозможуваат на компанијата флексибилност во задоволување на променливите барања на бизнисот и пазарот.

Kuehne + Nagel Македонија овозможува глобална покриеност и затоа е совршен избор за логистичките предизвици на клиентите. Јасниот фокус на компанијата во унапредувањето на интегрираните и иновативни логистички решенија со помош на софистицираниот ИТ систем овозможија подружницата во Македонија да ја задржи силната позиција на пазарот со покривање на сите елементи на современиот транспорт како што е камионскиот, авионскиот и бродскиот превоз на стока и складирање и услуги со додадена вредност кон сите дестинации во светот.

Компанијата редовно ги прилагодува услугите на барањата на пазарот, што овозможува воспоставување на долгорочни односи со клиентите, со цел да биде што поефикасна и на локално и на глобално ниво.

Предностите на компанијата се во нејзиното глобално работење и брзото прилагодување на новите пазари кои бараат и поширока географска визија. Посветениот и професионален кадар се служи со високи стандарди за да осигураат доследност и сигурност за клиентите.

1

Бродски транспорт

Kuehne + Nagel е број еден транспортер за бродски услуги во светот. Клучот за врвната позиција е во искуството и глобалните достигнувања.

Околу 8.000 специјалисти за бродски транспорт насекаде низ светот, можат преку 24-часовната достапност да помогнат фирмите да го најдат најдоброто решение кое ќе ги исполни нивните уникатни барања. Услугите се разновидни: од збирни контејнерски пратки (LCL), комплетни контејнерски пратки (FCL), интермодални решенија, царинење, осигурување и други специфични и специјални услуги и индустриски решенија.

2

Авионски услуги

Ако стоката има потреба од брза испорака, одредена терморегулација или ако е потребно специјално ракување, Kuehne + Nagel Македонија е вистинското решение со понудата за авионските услуги.

Како индустриски лидери во посветеноста на Cargo iQ стандардите за квалитет, сервисот на Kuehne + Nagel вклучува иновативни и индустриски особености како што се: испорака во договореното време, автоматско пресметување на цената во пакет, прецизни и стандардизирани фактури и видливост и набљудување во реално време и планирано движење со помош на системот KN Login за управување со информациите.

Kuehne + Nagel обезбедува и специфични интегрирани логистички пакети од производство до крајниот потрошувач во кои спаѓаат KN Extend, KN Express и KN Extend.

5

Камионска логистика

Kuehne + Nagel нуди специфични индустриски решенија за стоката што се транспортира. Камионските услуги ги надминуваат очекувањата со современиот пристап, професионалноста и квалитетната услуга.

Со флота од повеќе од 5.000 камиони и приколки, како и долгогодишната соработка со избрани транспортери, Kuehne + Nagel излегува во пресрет на сите логистички потреби на пазарот. За да може да реагира брзо, флексибилно и поединечно на секое барање, комплетниот пакет на логистика нуди специфични услуги. Една од нив е KN EuroDirect, собирање и доставување директно со едно возило со што се обезбедуваат посигурни и екстремно атрактивни рокови за испорака. Другата услуга, KN EuroLink, обезбедува сигурни и исплатливи решенија со ефикасната услуга на интегрираната збирна мрежа низ Европа.

6

Европска збирна мрежа

Интегрираната збирна мрежа низ Европа овозможува редовна врска со 32 држави на континентот и поголема близина до клиенти на корисниците на услугата. Збирниот магацин во Бад Херсфилд во Германија и источноевропскиот магацин во Виена овозможуваат сигурни и ефикасни услуги помеѓу најзначајните производствени центри и стратешки пазари на Источна и Западна Европа. Мрежата на Kuehne + Nagel се прилагодува според барањата на клиентите, затоа оваа компанија е доверлив партнер што помага во развивање на бизнисот на компаниите.

Збирен транспорт во Македонија

Од Македонија до 31 држава во Европа, услугите нудат високо ниво на сигурност, фиксни времиња на поаѓање и точно испланирани линии на поврзувања од збирните центри ширум Европа до регионалниот магацин во Виена.

Дистрибуцијата во државата овозможува преземање и испорака до врата секаде во Македонија, како и неделни испораки од терминалот на Kuehne + Nagel Македонија во Скопје до Косово и Албанија.

3

Услуги за договорна логистика

Сите поединечни логистички потреби може да се остават да ги реши Kuehne + Nagel, доверливиот партнер кој обезбедува и управува со сложени ланци на достава. Интегрираните и прецизни комбинации на услуги се конкурентна предност за сите компании.

Специјализирана мрежа за пратки што бараат специјален третман

Пакетот на специјализирана мрежа на пратки, KN SecureChain, е безбедно европско решение за транспорт на осетливи производи и за пратки од висока вредност, почнувајќи од поединечни палети до цели камиони (LTL до FTL).

Во понудата на специјален третман на пратки спаѓа и пакетот KN PharmaChain што може да ги задоволи и најстрогите барања. Тоа е специјализирана мрежа од добро обучени експерти во областа на дистрибуција на термолабилни пратки кои се грижат секој продукт да биде преземен и транспортиран според највисоките GDP стандарди за квалитет во камионскиот транспорт на фармацевтски и здравствени продукти.

8

Транспортно осигурување KN Sure

Kuehne + Nagel разви и неколку пакети на транспортно осигурување за пратките да бидат секогаш во сигурни и вистински раце. KN Sure дава можност да се избере помеѓу многуте опции кои нудат максимална удобност, а за овој вид осигурување без разлика на видот на транспортот важат локалните и меѓународни закони, како и владејачките меѓународни конвенции кои ги исклучуваат или лимитираат обесштетувањата.

KN Sure нуди и многу опции за максимална удобност, како што се KN Sure SPOT, со што се осигурува само одредена пратка, KN Sure FLEX, што нуди прекин на осигурувањето кога клиентот ќе посака и KN Sure FIX што овозможува осигурување на сите пратки со онлајн решение e-insurance или годишна осигурителна полиса.

9