Kuehne + Nagel воспоставува интегриран Европски регион

22

Со цел понатамошно зголемување на динамиката на раст Kuehne + Nagel ќе воспостави интегриран Европски регион од први јануари следната година.

На тој начин, преку главното седиште во Хамбург, Германија Kuehne + Nagel ќе го консолидира управувањето со сите земји во Европа. Доктор Хансјорг Роди, кој беше одговорен за Централниот и Источниот европски регион и извршен директор за Германија од октомври 2016 година, ќе го води регионот Европа.

Одговорноста за водење на германската организација ќе му биде предадена на г-дин Холгер Кетц, кој е моментално шеф на авионски превоз за Централна и Источна Европа.Целиот менаџмент за Германија ќе биде лоциран во Бремен од први јануари 2019.

Д-р Детлеф Трефгер, извршен директор на Kuehne + Nagel International за оваа прилика изјави

“Формирањето на интегриран Европски регион е важен чекор во развојот на Групацијата  Kuehne + Nagel, којшто ни овозможува подобро да управуваме со нашиот бизнис и поефикасно да го насочиме кон потребите на клиентите. Ни преставува задоволство што идната канцеларија на Kuehne + Nagel Германија ќе биде во Бремен, каде што компанијата беше основана во 1890 година.

Фото: Kuehne + Nagel