Кук е на чело на Apple 10 години, акциите пораснаа за 1.022%

63

Помина една деценија откако Тим Кук стана извршен директор на една од најмоќните технолошки компании на денешницата, Apple.

Иако 2020 година беше исто така кризна за производителот на iPhone, поради доцните испораки од Кина и прекините во работата, компанијата сепак успеа да постигне завидни резултати во изминатиот период.

Тимоти Доналд Кук е во Apple повеќе од 20 години, а овој ноември го слави својот 61 -ви роденден. Можеби е рано да се пензионира, но Кук, очигледно, нема намера да биде на главната позиција уште една деценија.

Сепак, да се потсетиме како започна и што велат бројките.

Акциите на Apple скокнаа за неверојатни 1.022 проценти од август 2011 година, кога Кук стана извршен директор на компанијата. Исто така, оттогаш, Apple достигна пазарна вредност од повеќе од 2 трилиони долари, поради огромната побарувачка за iPhone, но и iPad, Apple Watch.

Под водство на Тим Кук, технолошкиот гигант лансираше и нови производи како што е Apple Watch и ја зголеми тројно својата заработка.

Исто така, треба да се каже дека извонредните добивки доаѓаат откако инвеститорите првично беа скептични за лидерската улога на Кук во Apple. Акциите првично беа продадени за околу 5%, веднаш откако Американецот објави дека ќе го замени Стив Џобс на функцијата извршен директор.

Но, акциите закрепнаа со текот на времето: од 13,34 долари од моментот кога Кук го презеде престолот, до 149,71 долари, што е приближно колку вредат сега. Очекувањата беа неверојатно високи кога станува збор за Кук, пред се затоа што го замени генијалниот Џобс – но успеа да ги оправда, па дури и повеќе од тоа.

Кога Кук стана извршен директор, Apple вредеше „само“ 349 милијарди долари, а денес вреди 2,45 трилиони долари.

Споменатите производи помогнаа тројно да ги зголемат приходите на Apple, на 274 милијарди долари во фискалната 2020 година, од 108 милијарди долари од 2011 година.

Компанијата држи чекор со генерирање на повеќе од 300 милијарди американски долари приход во фискалната 2021 година, која завршува во септември.