Кук: „Кина и Apple растеа заедно“

48

Американскиот производител на iPhone Apple и Кина „пораснаа заедно“ во текот на изминатите три децении, а врската помеѓу компанијата и еден од нејзините најголеми пазари стана „симболична“, изјави извршниот директор на Apple, Тим Кук, на Форумот за развој на Кина во Пекинг.
Во својата прва посета од избувнувањето на пандемијата, Кук рече дека компанијата наскоро ќе ја прослави својата триесетгодишнина од бизнисот на кинескиот пазар, пренесува RT.

„Не можевме да бидеме повозбудени… Епл и Кина… пораснаа заедно и затоа ова беше симбиотски вид на врска“, рече Кук.

Извршниот директор на Apple, исто така, го пофали „многу големиот синџир на снабдување во Кина“, како и „успешната продавница за апликации“ во земјата.

Според Ројтерс, повикувајќи се на локален весник, Кук исто така ги пофалил напорите на Кина во иновативните технологии, наведувајќи дека „иновациите во Кина се развиваат брзо и тој верува дека ќе биде уште побрзо“.

Посетата на Кук доаѓа во време на „технолошки конфликт“ меѓу Пекинг и Вашингтон. Исто така, патувањето беше проследено со тешка година за Apple поради строгите мерки во Кина предизвикани од пандемијата.

Да потсетиме дека Apple размислуваше да пренесе дел од своето производство во Виетнам и Индија.

Сепак, Кина останува важен сегмент од нивниот бизнис поради достапноста на материјали и компоненти, како и добро организирана инфраструктура и пристап до голема и поевтина работна сила од професионални инженери.