Кук заработува 1.447 пати повеќе од просечниот работник во Apple

Според Bloomberg, зголемувањата се движат од 2% до 10%, во зависност од локацијата на продавницата и позицијата на вработените.

Се додава дека покачувањето на платите не важи за сите.

Империјата управувана од Тим Кук ги проширува своите малопродажни операции, „обложувајќи“ на комбинација од стратегии развиени пред и за време на Ковид-19 – што треба да ги направи објектите на Apple попопуларни од кога било досега.

Се додава дека заработката на извршниот директор на Apple, Тим Кук во 2021 година била близу 100 милиони долари. Со други зборови, Кук заработува 1.447 пати повеќе од просечниот работник од компанијата.