Куќата на Мајк Тајсон од филмот Hangover се продава за 1,5 милиони долари

59

lllДомот на Мајк Тајсон, каде што се снимаа неколку сцени од популарниот филм Hangover, е ставен на продажба за 1,5 милиони долари, пишува Forbes.

Имотот, којшто зафаќа површина од 533 метри квадратни, се наоѓа на 25 километри од Лас Вегас, Невада и вклучува пет спални соби и шест бањи.

Домот, којшто Тајсон го купи во 2008 година, неодамна е реновиран, а истиот е модерен микс на мермер, дрво, челик и гранит. Веднаш на влезот се наоѓа осветлен водопад висок 1,5 метар, а просторијата води до пространа дневна соба со воден бар и камин.

Големи прозорци и стаклени лизгачки врати нудат поглед на дворот, каде се наоѓа инфинити базен со водопад, џакузи, како и место за скара и бар. На првиот кат има две спални соби со заедничка бања, семејна соба, професионална кујна со специјално место за појадок.

Вториот кат вклучува три спални соби од коишто едната е мастер и има сопствен камин, балкон, када од мермер и туш со LED осветлување.

Mike-Tyson-Mansion-Las-Vegas-hangover_mansion-800x450Mike-Tyson-Hangover-Mansion-Great-Room-800x533Mike-Tyson-Hangover-Mansion-Master-Bath-800x533;Mike-Tyson-Hangover-Mansion-Kitchen-Island-800x533