Куќи во приградските средини добиваат на популарност

164

Пазарот на недвижнини во Србија бележи закрепнување, по падот од скоро 70% за време на вонредната состојба, а цените останале скоро непроменети. Истото се случува и со цените во приградските средини во близина на Белград и другите поголеми градови, пренесуваат српските медиуми.

Од Здружението на банки на Србија велат дека нема пад на активноста кога се работи за станбените кредити и во овој момент се регистрирани околу 120.000 станбени кредити и нивната просечна вредност е околу 30.000 евра.

Во текот на оваа криза дојде до промена на цените на недвижнините, па така пораснаа цените на куќите во приградските средини во близина на Белград, како и во околината на Нови Сад. Луѓето, како што се наведува, забележаа дека за цена, на пример, на двособен стан може да се купи куќа со плац во некоја од приградските населби.

И понатаму најмногу се бараат станови на Нов Белград и Врачар, во центарот на Белград, но и во неколку околни населби каде цената на новоизградените станови е меѓу 1.200 и 1.400 евра за квадрат.

Фото: Freepik