Кумановци се запознаа со новата веб страна на Агенцијата за вработување

11

Агенцијата за вработување, вчера во Куманово, на отворениот ден за граѓаните, ја промовираше новата веб страна на која можат да се најдат сите понуди за вработување.
Влатко Поповски, директорот на Агенцијата за вработување, истакна дека со помош на оваа веб страна има директно поврзување помеѓу понудувачите и побарувачите на работна сила.
“За кратко време ќе бидат објавени и огласите за работа од приватните агенции за посредување и приватна агенција за привремено вработување. Со нив ќе имаме состанок оваа недела за да го договориме начинот на објавување, бидејќи тие имаат количина на огласи кои вредат да бидат објавени”, рече директорот Поповски.
Поповски на кумановци им посочи дека 85% од огласите се реални огласи преку кои можат да бидат вработени и дека им е олеснето пребарувањето на соодвениот оглас според нивните способности и образование.
Директорот најави дека се размислува и за нова мерка која ќе биде наменета за младите на кои им недостига работно искуство во координација со работодавачите и образовните институции.
Во Македонија има недостиг од висококвалификувана работна сила, на крај посочи Поповски.