„Кумата“ на Силиконската долина и жената која одгледа три лидерки го открива TRICK правилото 

186

Естер Војчицки или Вој е позната и како „кума“ на Силиконската долина, но и по она што се нарекува правило TRICK.

Таа е високо ценета како професор и психолог, а нејзините специјалности се педагошка психологија и комуникација.

Медиумите ги привлече и како повеќекратна наградувана професорка и мајка на три ќерки кои имаат многу високи директорски и професорски позиции (Во едно од интервјуата, Војчицки беше прашана дали е вистина дека нејзините ќерки вредат по 300 милиони долари? потврди дека сите три се многу успешни). Најпозната е Сузан, која беше директорка на YouTube и која неодамна почина од рак. Џенет е професорка на Универзитетот во Сан Франциско, а најмладата Ен е основач на компанијата за генетско истражување 23andMe.

Војчицки беше и ментор на Лиза Бранон Џобс, ќерка на Стив Џобс. Форбс ја вклучи во својата листа 50 над 50 на највлијателни во 2021 година.

Како успешна мајка и учителка, таа привлече многу родители и деловни луѓе кои побараа совет од неа и дојдоа со прашања:

Како да ги воспитам моите деца да бидат успешни?

Како можам успешно да комуницирам со моите колеги?

Како можам да одржувам квалитетни односи со другите?

Целата педагошка работа и дејност на Војчицки немаше да и биде позната на пошироката јавност доколку таа не се осмели да ја објави книгата How to raise successful people  – Како да воспитате успешни луѓе.

Богатството на оваа книга е всушност TRICK правилото што Војчицки го применила во своето воспитување и однос со луѓето.

TRUST -ДОВЕРБА
Војчицки: Вие сте родители и се плашите. И вашите деца ќе се плашат – да бидат тоа што се, да ризикуваат, да се спротивстават на неправдата. Но, кога ќе верувате во вашите избори, ќе верувате и дека вашите деца ќе донесат добри одлуки на патот да станат независни и силни. Така е и со вашите односи во колективот или со пријателите.

RESPECT -ПОЧИТ
Војчицки: Најважниот вид на почит што можете да го покажете на вашите деца е почитувањето на нивната индивидуалност и автономија. Секое дете има дарба и не зависи од вас како родители да им кажувате на вашите деца што треба да бидат, што треба да прават, каков живот треба да живеат. Ваша задача е да го негувате тој нивен дар и да ги поддржувате нивните цели, а не вашите. Така е и во меѓучовечките односи – почитувајте ја другата личност, неговите потреби и личност.

INDEPENDENCE -НЕЗАВИСНОСТ
Војчицки: Децата кои учат самоконтрола и да бидат одговорни уште од мали нозе (а вие ги научивте затоа што им верувавте и ги почитувавте), многу подобро се справуваат со предизвиците како возрасни и ќе имаат подобро развиена креативност и чувство за иновација. Вистински независни деца, а подоцна и возрасните, се способни да се справат со тешкотии, препреки или досада и сите неизбежни ситуации во животот. Ги имаат работите под контрола иако околу нив владее хаос.

COLLABORATION- СОРАБОТКА
Војчицки: Ова значи да работиме заедно – како семејство, како тим, како колектив. За вас родители, ова значи поддршка на децата да учествуваат во дискусии и одлуки. Не треба да им кажувате на вашите деца што да прават, туку да побарате од нив идеи и предлози и заедно да изнаоѓате решенија.

KINDNESS  -ЉУБЕЗНОСТ
Војчицки: Вистинската љубезност подразбира благодарност и простување, помагање и поддршка на другите. Тоа е всушност свесноста дека постои друг свет надвор од вас. Важно е да им покажете на вашите деца и на другите луѓе дека најголемото добро и задоволство е во постапките кои го подобруваат туѓиот живот.

Сите сме нечии деца и сите поминале низ детството и растењето. Возраста и вашиот однос кон животот и животните предизвици ќе ви покажат колку родителите ве почитувале, колку верувале во вас или колку сте соработувале.