Куо: А16 чипот на Apple ќе се најде само во моделите на iPhone 14 Pro

120

Доверливот аналитичар за Apple, Минг-Чи Куо, објави на Twitter дека iPhone 14 Pro и Pro Max би можеле да бидат единствените уреди од новата серија паметни телефони на Apple кои ќе бидат напојувани од чипот А16. Ова значи дека стандардните модели на iPhone 14 би можеле да имаат чип A15 што може да се најде во iPhone 13.

Дополнително, Куо вели дека секој модел на iPhone 14 ќе има 6 GB RAM и дека моделите Pro ќе имаат надградена LPDDR5 меморија, додека „стандардот“ ќе ја задржи LPDDR 4X меморијата.

Доколку ова се покаже дека е вистина, тоа би било првпат по речиси 10 години Apple да ја „подели“ својата врвна серија на телефони според спецификациите на чипот. Според 9to5Mac, последен пат тоа се случило во 2013 година, кога iPhone 5S доби А7, додека поевтиниот iPhone 5C имаше малку постар чип А6.

Понатаму, Kуo го споменува 6,7-инчниот iPhone 14 Max, уред кој треба да доаѓа со „Pro“ екран, но со спецификации на стандардниот модел. Она што е исклучително интересно, аналитичарот на Apple целосно го изостави iPhone 14 mini, па постои голема можност компанијата да се ослободи од него, пишува The Verge.

Доколку ова предвидување се покаже како точно, Apple на корисниците ќе им понуди само телефони со 6,1 и 6,7 инчни екрани и така еден од ретките компактни уреди на денешницата и официјално ќе замине во историјата.