KupaonCo – мобилна работилница што ја трансформира кадата во туш кабина за 24 часа

160

kupaonco

“Исфрлете ја кадата, поставете туш“ е мотото на хрватската компанија KupaonCо, која е специјализирана за трансформација на кадата во туш кабина за само еден ден, пишува Пословни дневник.

kupaonco pred

Компанијата во Хрватска е активна веќе шест месеци, а овој новитет го применува по истражување што покажало дека најголем број несреќи се случуваат во домашни услуги, од кои 70% се во бањата. Бидејќи вработените во компанијата имаат искуство, а во работата користат најмодерни алати и уреди, комплетната работа се завршува за помалку од 24 часа. Во тоа е вклучено времето што е потребно за прилагодување на вградените елементи, отстранување и транспорт на ѓубрето од заменетите елементи.

kupaonco potoa

За многумина е поедноставно и попрактично користењето на туш кабина, каде што може за кратко време да ја извршат дневната хигиена. Оваа трансформација е посебно корисна за тешко подвижните и постарите лица, за кои капењето во када претставува вистински проблем.

kupaonco peskir

Вообичаените градежни зафати во бањите бараат ангажирање на повеќе мајстори, многу ѓубре, вознемирување на соседите и неможност да се користи бањата извесен период.