Kупил стан во Рим на “невидено“ поради ниската цена

286

Италија станува „мека за недвижнини“ за богатите Американци и Британци, кои таму се почесто купуваат куќи и станови. Пониските даноци и поволните цени на недвижностите и кириите ги привлекуваат дигиталните номади во целата приказна, кои со години ја позиционираат Италија како една од нивните омилени дестинации.

Промени во побарувачката и зголемен интерес кај Американците и Британците забележа агентот за недвижнини од консултантската куќа Најт Френк, Бил Томсон, кој за Bloomberg изјави дека Италија е се почест избор за „втор дом“.

Еден таков пример е 52-годишниот њујоршки инвестициски менаџер Енди Исикоф, кој купил стан со две спални во Рим за време на пандемијата. Вели дека сè уште не го видел во живо, но го привлекле поволните цени. Затоа, како „италофил“, како што самиот се нарекол, решил да купи недвижен имот во Италија, пренесува Пословни.

Тој верува дека овој потег ќе се покаже како добра инвестиција. Релативно пониските цени во време на подем на глобалните пазари на недвижности и помагаат на Италија да ги надмине Франција и Шпанија.

„Луѓето генерално сакаат да купуваат недвижнини на сончеви убави места ширум Европа, а во Италија цените се многу ниски“, вели Јелена Цвјетковиќ, аналитичар од Савилис, гигант на пазарот на недвижности. Според Блумберг, просечната цена на недвижен имот околу Риети, град во близина на Рим, во август изнесувала 96.000 евра.