Кустурица ќе отвора фабрика за производство на етерични масла во БиХ

51

emir kusturica

Филмскиот режисер Емир Кустурица планира да отвори фабрика за производство на етерични масла во општината Билеќа во Босна и Херцеговина, јавува агенцијата Срна.

“Последен пат со Кустурица во општината разговаравме пред 15-тина дена и, според неговите планови, реализацијата на проектот би требало да започне на пролет следната година“, вели Раденко Попара, началник на одделението за просторно уредување и станбено – комунални деловни работи на општината Билеќа.

Според него, Кустурица планира на 50 хектари земјиште да сади смил, а на други 50 хектари да направи фабрика за производство на етерични масла.

“Кустурица има уште идеи кога се работи за Билеќа“, вели Попара, додавајќи дека филмскиот режисер најавил премиерата на филмот На млечниот пат ќе биде во таа општина.