Кутија – затвор за паметни телефони

59

kutija

DistractaGone е генијално решение што овозможува да се заклучи мобилниот телефон во кутија што се отвора по одреден период. Кутијата е лесна за употреба. Во неа може да се складираат четири телефони, а откако корисникот ќе го стави телефонот, потребно е да го внесе времето кое сака телефонот да биде заклучен.

distragon2

Кога ќе се притисне копчето за заклучување, има само пет секунди за откажување на акцијата. Кутијата е изум на Холанѓаните Тим Менко и Ингмар Ларсон, кои преку дизајнирањето на оваа кутија сакаат да ја намалат глобалната зависност на луѓето од паметните телефони и да се посветат на пријателите и семејството.

Но, Менко и Ларсон не успеаја да соберат доволно пари на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter до крајниот рок и производството засега е запрено.