Kuvée – паметно шише што го чува виното свежо до 30 дена

63

jv71wpvukd7m0v59dn3e

Kuvée е првото паметно шише за вино што го чува овој пијалак свеж до 30 дена со помош на специјален механизам под притисок што се наоѓа на специјална подлога на шишето, пишува Fox Business.

Американскиот сервис за директна испорака на вино Kuvee моментално соработува со 48 различни застапници за вино и нуди широка палета на производи од нив.

Ова шише од 750 милилитри доаѓа заедно со четири различни вина, а на него има екран што покажува кое вино го пиете, уште колку има останато во шишето, приказната за виното и овозможува онлајн да нарачате уште вино.

Non-Featured2-Kuvee-Smart-Wine-Bottle-Photo-via-FacebookВо шишето Kuvée се ставаат таканаречените капсули и еден клик е доволен да каже дека може слободно да ставите вино во чашата. Специјалниот механизам не дозволува да навлезе кислород во пијалакот и затоа виното останува свежо до 30 дена.

Досега проектот има собрано шест милиони долари од приватни инвеститори предводени од General Catalyst и Founder Collective, а шишињата за почеток ќе почнат да се испорачуваат во одредени држави во САД од октомври, со надеж дека за кратко време испораките ќе бидат возможни насекаде.

Моментално цената за едно Kuvée шише е 199 долари.