Квадрат од 8.000 евра – што ги прави толку скапи недвижнините во Дубровник?

75

Дубровник е познат по највисоките цени на недвижнини во Хрватска. Состојбата не се промени значително ниту поради пандемијата, па во центарот на градот цените на куќите и становите се движат од 5.500 до над 8.000 евра за метар квадратен, пишува ХРТ.

“Стан од 200 метри квадратни во историското јадро на градот се продава за милион и пол евра. Кризата предизвикана од коронавирусот не влијаеше ниту на цените, ниту на понудата и побарувачката. Побарувачката е многу поголема од понудата“, вели Нада Бурум, агентка за недвижнини.

Градот ги субвенционира потстанарите, но за многу млади во Дубровник е тешко да дојдат до сопствен дом. За тоа време се изградени нови згради, коишто за многумина се недостапни, но сепак се распродадени.

Фото: Pixabay