Квадрат во центар на Будва се продава за 5.000 евра

113

Економската криза во светот и поскапувањето на градежните материјали во Црна Гора генерираат значително зголемување на цените на недвижностите.

Квадратен метар во Подгорица чини повеќе од 2.000 евра, а во центарот на Будва 5.000 евра. Истовремено, побарувачката е зголемена и сопствениците на агенциите за недвижности велат дека сè што ќе се понуди на пазарот се продава, пишува portalanalitika.me.

Цените на градежните материјали скокнаа и до 200 отсто, паградителот на станови сопственикот на Зетаградња Благота Радовиќ ги зголеми цените на становите за 15 отсто.

„Тоа не влијаеше на побарувачката. Претпоставувам дека луѓето се плашат од инфлација и инвестираат во недвижен имот“, објаснува Радовиќ за „Побједа“, додавајќи дека цените на становите во нивните згради се од 1.300 до 1.800 евра за метар квадратен.

„Веќе нема станови кај инвеститорите. Сега сопствениците продаваат и тие цени се значително над реалните. Факт е дека на пазарот нема ни големи станови со три спални. Не зборувам само за нашата агенција затоа што сум во контакт со колегите. За становите во изградба не знам, бидејќи инвеститорите со кои соработувам сè уште не ги градат“, коментира за Побједа, Мира Радовиќ, директорка на агенцијата за недвижности.