Kвадрат во Скопје поскап од Мадрид

352

Moсква е најскап град во Европа по цената на недвижен имот во однос на висината на приходот, судејќи според страницата Numbeo, која се смета за најголема база на податоци за трошоци на животот и квалитет на животот. Односот на цените на недвижностите и просечниот приход во тој град е 21,12.

Скопје се наоѓа на 34 место и е поевтин од Загреб (33 место), но поскап од Мадрид (35) место.

Од земјите од регионот, во првите 10 најскапи градови по цената на недвижен имот во однос на висината на приходот Сплит е на третото место додека Белград се наоѓа на четвртото место. Задар го зазема 13 место, Љубљана и Подгорица се на 36 и 37 место, а Сараево на 108 место. Интересно е тоа што Лондон, кој важи за најскап европски град, ја зазема 20 позиција.

Списокот на Numbeo за првите 20 места изгледа вака:

1. Москва (Русија) – 21,12

2. Париз (Франција) – 20,97

3. Сплит (Хрватска) – 20,30

4. Белград (Србија) – 19,77

5. Владивосток (Русија) – 18,63

6. Гдањск (Полска) – 18,31

7. Прага (Чешка) – 17,97

8. Милан (Италија) – 17,85

9. Рим (Италија) – 17,53

10. Минск (Белорусија) – 17,38

11. Лисабон (Португалија) – 16,67

12. Краков (Полска) – 16,46

13. Задар (Хрватска) – 16,41

14. Санкт Петербург (Русија) – 16,34

15. Минхен (Германија) – 16,27

16. Тирана (Албанија) – 16,21

17. Вроцлав (Полска) – 16,16

18. Познањ (Полска) – 16,00

19. Гдиња (Полска) – 15,77

20. Лондон (Велика Британија) – 15,65

Фото: Pixabay