Квадрат за стан во „Белград на вода“ достигна цена од 10.184 евра

180

Според податоците на Републичкиот геодетски завод во Србија, најскапиот квадрат е продаден во елитниот комплекс „Белград на вода“ по цена од 10.184 евра, додека најскапиот стан со површина од 383 метри квадратни е продаден на вкупна цена од 2.469.888 евра.

За купување недвижен имот во четвртиот квартал лани се издвоени 2,3 милијарди евра, што е за 27,3 отсто повеќе од пред една година.

Како што се наведува во соопштението во кое е објавена анализата на пазарот на недвижности во Србија за четвртиот квартал од 2022 година, како и компаративната анализа на податоците во периодот од 2018 до 2022 година, пазарот на недвижности во Србија во минатата квартал од минатата година „евидентира позитивни трендови“, пренесува РТС.

Според тој извештај, Градот Белград забележал најголем број купопродажни договори, вкупно 9.547.

Фото: Belgradewaterfront