Квадратен метар во нова зграда во Црна Гора 2.557 евра, на брегот 2.838 евра

Просечната цена по квадратен метар стан во нова зграда во Црна Гора во вториот квартал од 2026 година изнесувала 2.557 евра, покажуваат податоците од Заводот за статистика – МОНСТАТ.

Највисоката просечна цена е забележана во крајбрежниот регион, каде што стан од квадратен метар во нова зграда чинел 2.838 евра. Во Подгорица просечната цена била 2.510 евра, во северниот регион 2.145 евра, додека во централниот регион изнесувала 2.131 евра за квадратен метар.

МОНСТАТ нагласува дека истражувањето „Цени на станови во нова градба“ ги вклучува само становите што се продадени за прв пат на пазарот, односно за кои за прв пат е склучен договор за продажба.

Затоа, податоците не ги вклучуваат становите од стариот станбен фонд, како и други видови недвижности, како што се деловни згради и земјиште.

МОНСТАТ појаснува дека ова истражување не претставува индикатор за вкупната понуда и побарувачка на нови станови на пазарот, туку просечните цени се пресметуваат врз основа на склучените договори за продажба.