Квалитетите на емоционално интелигентните луѓе

24

smajli

Фото: Pixabay

Емоционалната интелигенција е дефинирана како способност да се идентификуваат и контролираат сопствените емоции и емоциите на другите.

А луѓето што имаат висок степен на ЕИ имаат и неколку квалитети што секогаш им одат во прилог.

Не бараат совршенство

Знаат дека совршенство на постои и со таа мисла одат напред. Ако погрешат, грешката ја исправаат онака како што умеат и гледаат да научат нешто од неа.

Знаат како да балансираат

Балансот во животот е многу важен. Штом едната страна натежнува малку повеќе, се појавуваат проблемите. Токму затоа емоционално интелигентните луѓе добро ја балансираат работата со приватниот живот.

Лесно прифаќаат промени

Не се плашат од промените како мнозинството. Свесни се дека промените се неизбежен дел од животот и не може секогаш да бидат онака како што сакаме. Затоа брзо се адаптираат на новонастанатата ситуација и имаат резервен план во случај работите да се променат.

Добро ги знаат нивните слаби и јаки страни

Не само што се свесни за нивните силни и слаби страни, туку умеат истите да ги прилагодат на дадената ситуација, односно спрема луѓето со коишто работат.

Сами се мотивираат

Не им треба друг за да им каже што и како да прават. Мотивацијата ја наоѓаат во себе, во своите желби, не чекаат да се случи чудо, самите го создаваат.

Поставуваат граници

Како што умеат да одат напред и не чекаат друг да ги поттикне, така емоцинално интелигентните луѓе имаат свои граници и знаат кога да речат не. Токму тоа ги штити од стрес и исцрпеност и им дава оддишка во моментот кога најмногу им треба.