Еден од најпопуларните квизови во регионот, Квискотека, доби мобилна верзија. Пред неколку дена е лансирана Квиско, апликација за корисниците на iPhone и iPad, пишува Јутарњи лист.
Квиско е резултат на соработка меѓу авторот на Квискотека Лазо Голужа, директорот на фирмата Intech, Бранко Кобали и загрепската софтверска компанија Infinum.
Засега можат да ја играат само корисници на уреди кои поддржуваат iOS, а за неколку месеци ќе излезе верзија и за Андроид, како и за Facebook. Планот на авторите е да излезат и на странски пазари, па подготвуваат и англиска верзија.
Играта овозможува решавање на асоцијации од различни области, а при играњето можат да се освојуваат поени и златници, со кои се купува Квиско. Може да се игра со еден или со два играча, а креаторите велат дека развиваат и верзија за повеќе играчи, кои ќе можат онлајн да се натпреваруваат.
Симнувањето на играта е бесплатно, а зазема само 14 MB простор.