Kyocera Rafre – смартфон што може да се мие со вода и сапун

77

telefon

Јапонската компанија за електроника Kyocera го претстави новиот “rafre“ паметен телефон отпорен на топла вода, а може да се мие со сапун за раце и тело и има екран што се користи кога рацете на корисникот се мокри или носи ракавици, пишува The Hindu.

Телефонот ќе биде пуштен во продажба во март во Јапонија и ќе биде достапен во три бои – бледо розова, бела и светло сина.

Овој паметен телефон е наследник на DIGNO rafre, што беше лансиран во декември 2015 година како прв телефон во светот што може да се мие со сапун. Покрај отпорноста на рачен сапун, моделот од втората генерација има отпорност на пена од сапун за тело.

Покрај тоа, новиот телефон е опремен и со посебна апликација за готвење што им овозможува корисниците да ги листаат рецептите и да се јавуваат преку гестикулации со раката без да се допре екранот.

Rafre има камера од 13MP, 2 GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија, 3.000 mAh батерија и работи на Android 7.0 оперативен систем.