L’Heure Audacieuse – дијамантски часовник во форма на ремен

30

CSQ_tvyWUAA8g12Најновиот часовник на брендот Vacheron Constantin од неговата колекција Heures Creatives е наречен L’Heure Audacieuse.

Луксузниот часовник е креиран во чест на жените од 70-те години на 20-от век, а неговата надворешност ја красат 172 багет дијаманти, комбинација на три уметнички стилови од 70-те.

Уникатниот L’Heure Audacieuse ќе биде достапен во две различни верзии. Едната е декорирана со 172 багет дијаманти, тешки 11,30 карати, додека другата ќе ја красат кружно наредени дијаманти во вид на снег.

Главниот златар од Vacheron Constantin ги смести овие скапоцени камења еден до друг, така што ја прекриваат целата површина која е од бело злато.

Механизмот за навивање е сместен под црниот сатенски ремен, што во целост го надополнува сатенскиот бројчаник на часовникот.

UntitledUntitledkk