L’Occitane ги затвора продавниците во Русија

96

Познатата француска козметичка компанија L’Occitane објави дека ќе ги затвори продавниците и веб-страницата во Русија.

Компанијата првично објави дека нема да ги затвора продавниците во земјата за да ги „заштити вработените од одмазда“, но клиентите набрзо се заканија дека ќе ги бојкотираат нивните производи.

Во соопштението издадено од L’Occitane во петокот се вели дека ќе ги затвори продавниците поради „огромното човечко страдање и ескалацијата на воените активности во Украина“.

L’Occitane ги продава своите производи во повеќе од 3.085 продавници ширум светот и оствари приход од 1,5 милијарди евра минатата година, пишува BBC.

Ривалските компании L’Oreal и Estee Lauder претходно ги затворија своите продавници во Русија во знак на протест поради војната во Украина.