
Францускиот козметички гигант L’Oréal ќе го купи популарниот бренд Aesop од Мелбурн за 2,53 милијарди долари.
Трансакцијата, која се очекува да биде затворена во третиот квартал, доаѓа по повеќемесечни преговори. Други компании, вклучително и приватната компанија Пермира и кинеската инвестициска компанија Примавера Капитал, исто така изразија интерес за купување на удел во австралискиот бренд, кој е во сопственост на бразилската Natura & Co, изјавија за Блумберг неименувани извори.
Договорот ќе му помогне на бразилскиот бренд да го намали долгот и да се фокусира на другите деловни сектори. Позната по својата природна козметика Натура се соочи со тешкотии кога станува збор за глобалната експанзија поради, меѓу другото, нарушувања предизвикани од пандемијата и војната во Украина.
Фото: Facebook











