L’Oréal го продаде брендот The Body Shop на бразилската компанија Natura Cosmeticos

49

body-shop

Фото: The Body Shop

L’Oréal соопшти дека е затворен договорот за продажба на The Body Shop на бразилската Natura Cosmeticos, по одобрување на Советот, јавува Ројтерс.

На 9 јуни L’Oreal најави дека започнува ексклузивни преговори за продажба на The Body Shop на бразилската козметичка компанија Natura Cosmeticos за можни една милијарда евра.

The Body Shop е основана 1976 година во Британија, од Анита Родик и беше пионер во етичкиот пристап кон козметиката, промовирајќи да не се тестираат производи врз животни, како и кампањи поврзани со животната средина. Компанијата има портфолио од околу 1.000 производи што се продаваат во 3.000 франшизни продавници во 66 земји.

L’Oreal го купи овој бренд во 2006 година за околу 940 милиони евра.

Natura Cosmeticos е основана во 1969 година, има преку 3.200 продавници ширум светот, а од 2004 година котира на берзата во Сао Паоло. Компанијата е во сопственост на бразилските милијардери Антонио Луиз Сеабра и Гилерме Пеиро Леал.