L’Oreal и Organovo ќе печатат човечка кожа во 3D

57

picture_original_027b54Францускиот козметички гигант L’Oreal заедно со стартапот Organovo, чија дејност е био-инженеринг, ќе создаваат човечка кожа во 3D формат, јавува BBC.

Кожата добиена по овој пат планирано е да се користи во тест производи.

За американскиот старт – ап Organovo, којшто претходно тврдеше дека ќе може да испечати човечки црн дроб во 3D, ова е негова прва соработка со компанија од козметичката индустрија.

L’Oreal моментално развива примероци од кожа добиена како донација од пациенти кои правеле пластични операции. Произведува повеќе од 100.000 примероци на 0,5 сантиметри квадратни годишно и расте девет различни типови на кожа од различни возрасти и етнички групи.

organovo-3d-bioprinter-1024x682

Сепак не се знае кога печатените примероците ќе бидат достапни, зошто сепак се работи за рана развојна фаза.

За создавање на повеќеслојни примероци потребна е една недела. За секој примерок со површина од 0,5 сантиметри квадратни потребни се околу 60 евра. Половина од произведената кожа користи L’Oreal, a остатокот го продава на фармацевтски и други козметички компании.

Примероците создадени со 3D печатење би го направиле процесот на тестирање на лекови значително поевтин, а тоа би ја намалило и цената на самите лекови наменети за потрошувачите.