L’Oreal ќе инвестира во пет технолошки старт – ап компании

40

loreal

Француската козметичка компанија L’Oreal со партнерот Founders Factory ќе инвестираат во пет технолошки старт – ап компании за козметички производи во рамки на развојот на продажбата преку Интернет, пишува Reuters.

Во 2012 година, L’Oreal во Силиконската долина основаше интерен иновативен оддел, а минатата година инвестираше и во дигиталниот претприемнички инкубатор Founders Factory.

Француската компанија преку инкубатор ќе ги финансира американските иновативни компании InsitU и Preemadonna, шведската Tailify, полската Veleza и Cosmose за да им помогне во развојот.

Сите пет компании користат Интернет и мобилна технологија во промовирање на своите производи.

L’Oreal во 2015 година оствари 5% продажба преку Интернет. Дигиталниот тим на компанијата пред пет години броеше 150 луѓе, а денес има повеќе од 1.000, од кои повеќето се вработени минатата година. Козметичкиот гигант во 2015 година во дигитална комуникација насочи четвртина од средствата, а се очекува тој процент да расте, бидејќи расте и бројот на купувачи кои преку Интернет бараат совети за убавина и купување.