L’Oreal одбира кандидати за работа со помош на вештачка интелигенција

24

Француската компанија за козметика L’Oreal, во процесот на регрутирање на нови вработени користи систем со вештачка интелигенција којшто помага за одбирање на кандидатите.

Брендот годишно добива околу еден милион апликации за 15.000 нови работни позиции и со цел да го забрза процесот користи вештачка интелигенција, пишува CNN.

Во првата рунда кандидатите ги интервјуира Mya, четбот којшто прашува рутински прашања и проверува барања за виза и кога се кандидатите достапни.
Оние кои ќе стигнат до втората рунда ќе се “сретнат“ со Seedlink, софтвер со вештачка интелигенција којшто ги оценува апликантите според нивните одговори на одредени прашања за интервју.
Од L’Oreal велат дека за една практиканска програма каде 12.000 луѓе се пријавуваат за 80 позиции, на вработените во тој сектор системот им заштедува околу 200 часа работа.
Фото: Pixabay