L’Oréal развива лепенка што предупредува од високо UV зрачење

29

43tAHpSs

Најголемата светска козметичка компанија L’Oréal создаде сензор за кожа, којшто го предупредува корисникот за неговата изложеност на сончевите UV зраци, пишува Digital trends.

Станува збор за мала лепенка којашто ќе го носи името My UV Patch. Сензорот е развиен заедно со компанијата MC10, којашто се заминава со медицински технологии, а ќе се продава под брендот La Roche Posey.

loreal-my-uv-patch-0006-970x647-c

My UV Patch е лепенка којашто наликува на привремените тетоважи и е потенка од 50 микрометри, односно потенка од влакно.

Откако корисникот ќе ја залепи на својата кожа и сака да се изложи на сонце, доколку зрачењето на UV зраците е поголемо сините и бели квадратчиња ќе почнат да ја менуваат бојата.  Корисникот може да ја фотографира лепенката и преку посебна апликација да утврди колкаво било нивото на UV зрачење на коешто бил изложен.

Целта е да се едуцираат луѓето и да се спречи појавата на рак на кожата и да се забави процесот на стареење.

My UV Patch ќе биде бесплатна и се очекува да се најде на пазарот кон крајот на оваа година.

loreal-my-uv-patch-0003-970x647-c