Француската компанија Airlab Industrie креираше електричен тротинет наречен Lab’elle, пишува Pursuitist. Тој доаѓа со апликација со којашто може да ја следите брзината, моќта и траењето на батеријата.
Рамката на Lab’elle е изградена од алуминиум и има специјална дрвена подлога за стапалата, што ги намалува вибрациите при возењето. Неговата тежина изнесува 12 килограми и може да достигне брзина од 32 километри на час благодарение на 350 ватниот електричен Hub Brushless мотор.
Според производителот, со едно полнење на батеријата се поминуваат до 35 километри, неговата максимална носивост е 120 килограми и може да се искачува на стрмнина до 12%. Возилото се поврзува со вашиот мобилен телефон и има вграден систем против кражба.
Цената на тротинетот се движи од 1.595 до 1.695 евра.