Фото: Kickstarter
Labresh маичките одбиваат течности како црвено вино или сок од цвекло и може лесно да се исплакнат со вода. Маичките исто така многу брзо се сушат.
Labfresh се дело на старт-ап со седиште во Амстердам, Холандија, а за да се изработи оваа маичка користени се три од најиновативни текстилни технологии коишто никогаш досега не биле имплементирани во 100% памучен производ.
Моментално производот доаѓа во три бои, сива, бела и црна.
Производот има своја кампања на Kickstarter и досега има собрано 136.146 илјади долари, од потребните 18.546 илјади долари, а кампањата трае уште 20 дена.
Потребните 18.546 илјади долари биле собрани за рекордни 4 часа од објавувањето на кампањата.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во јули оваа година.