Француската група Lactalis, најголемиот европски произведувач на млеко и млечни производи, постигна договор за преземање на целосна контрола врз индиската Tirumala Milk Products за сума меѓу 200 и 300 милиони долари, јавува Ројтерс.
Договорот треба да го одобрат регулаторите и се очекува да биде затворен во првиот квартал годинава.
Tirumala Milk Products е основана во 1998 година и е најголемата млекарница во јужна Индија.
Во 2012 година групата Lactalis оствари 15,7 милијарди евра приход, од кои 75% на пазарите надвор од матичната земја.
Lactalis во Македонија е присутен преку млекарницата Идеал Шипка.