LADA го прекина производството на автомобили

Производството на култниот руски автомобил LADA е стопирано бидејќи западните санкции ја лишија матичната компанија од деловите и потрошниот материјал што и се потребни за производство на автомобили.

Илјадници работници се пуштени на одмор, објави Мarketwatch.

Сепак, според руските медиуми, суспензијата е привремена и ќе биде вратено производството во наредните денови.

Во советско време, матичната компанија на LADA, АвтоВАЗ, изгради џиновска фабрика на бреговите на реката Волга.

До 1980-тите, марката LADA се користеше само за автомобили наменети за извоз, додека на домашниот пазар се продаваше како Лада, а потоа како Спутник (следната фамилија), која се извезуваше како „Лада Самара“ и набрзо почна да се нарекува така и во СССР.
„АвтоВАЗ“ го пишува брендот со големи букви, само на латиница: LADA.

Во 2011 година, британскиот дизајнер Стив Матин беше назначен за главен дизајнер на автомобилите.

Во 2012 година, Алијансата Renault-Nissan се здоби со 75% од акциите во АвтоВАЗ, при што Renault инвестираше 300 милиони долари во заедничкото вложување во следните две години, а Nissan 450 милиони долари. Според договорот, автомобилите Renault и Nissan можат да се произведуваат заедно со моделите на LADA во фабриката во рускиот град Тољати.

Зaпaднитe caнĸции, нaлoжeни нa Pycија зapaди инвaзијатa во Уĸpaинa, пpинyдијa дeceтици cвeтски ĸoмпaнии дa ги cопpaт своите oпepaции во земјата, a неĸoи, вĸлучувајќи ги енергетските ĸoмпaнии Вrіtіѕh Реtrоlеum и Ѕhеll, изјавија дека ќе ја напуштат земјата.