Фото: Lada
Рускиот производител на автомобили Lada AvtoVAZ до крајот на месецов ќе извезува дел од своите модели во Србија, Словачка и Бугарија, објави компанијата.
Планирано е на српскиот пазар да се најдат Lada Vesta SW и Lada Vesta SW Cross. Цената на основниот модел почнува од 11.990 евра.
Овие модели веќе се достапни за купците во Германија, Австрија и Унгарија. И двата модела имаат сертификат за ЕУ стандарди во однос на заштита на животна средина и безбедност.