„Лада“ руши рекорди: продажбата на автомобили достигна највисоко ниво од 2012 година

1241

Продажбата на автомобили „Лада“ во Русија во април пораснала за речиси 65 отсто во однос на претходната година и достигнала 45.600 модели, со што го урна месечниот рекорд на марката во последните 12 години, се вели во соопштението на рускиот производител на автомобили „АвтоВАЗ“.

За четири месеци од годинава „Лада“ продала 137.100 автомобили, што е за 49,2 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Истовремено, во периодот јануари-април годинава, продажбата на автомобили е зголемена за 49,2 отсто на годишно ниво, поточно на 137.000 автомобили.

Најпродаваниот модел традиционално останува „гранта“, која го достигна врвот на продажбата во својата историја овој април – порасна за 7,7 отсто на годишно ниво, на 21.400 автомобили.

За четири месеци продадени се 64.000 примероци, што одговара на нивото од истиот период лани.

Моделот „Лада Веста“ во април продаде речиси 13.500 автомобили, а за само четири месеци 36.800.

Дополнително, во април се продадени 4.800 модели на Niva Legend, што е за 42,1 отсто повеќе од април 2023 година и е најдобар резултат оваа година, пренесува RT Balkan.

Фото: Facebook