Лагард бара државите да продолжат да им помагаат на граѓаните

25

Некои политичари се загрижени дека земјите премногу ќе се задолжат за да ја поддржат економијата. Но, претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард нза CNN Business изјави дека нејзиниот најголем страв не е тоа што Европската унија ќе акумулира големи долгови, туку дека владите може “брутално“ да ги повлечат гаранциите за работа и поддршката за приход пред да дојде време. Таквите програми, рече таа, мора да се олеснат постепено и внимателно.

Владите “ослободија“ милијарди долари во текот на изминатата година за да помогнат во ублажување на економскиот удар нанесен од пандемијата Ковид- 19.

Лагард истакна дека дури и кога економијата почнува да се подобрува и закрепнува, политичарите не треба да ја повлекуваат поддршката прерано.