Лагард ги отфрли шпекулациите дека еврозоната оди во рецесија

24

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард денеска ги отфрли шпекулациите дека еврозоната оди во рецесија.

„Во моментов не гледаме рецесија во еврозоната. Не го сметаме тоа како најниска почетна точка во нашите сценарија“, изјави Лагард за ТВ Блумберг на Светскиот економски форум во Давос.

Претседателката на Европската централна банка ги наведе „најниската стапка“ на невработеност во зоната на единствената валута, големите заштеди на домаќинствата и изгледите за силна летна сезона во туристичката индустрија како сила за ублажување на негативните ефекти од војната во Украина и растечката инфлација.