Лагард: Глобалната економска криза го кочи економскиот раст во земјите во развој

45

ММФ уште пред неколку дена посочи на слабото економско закрепнување, а со тоа и ублажување на прогнозираниот економски раст за оваа година.
“Кога ќе ги погледнеме Европа, САД и другите земји, можеме да забележиме одреден степен на неизвесност кој ги отежнува инвестирањето и особено отворањето на нов работни места”, изјави Лагард на новинарската конференција во Токио.
Една од најголемите грижи со кои се соочуваат бројните светски политичари е ситуацијата околу големата должничка криза која е се поприсутна во земјите од еврозоната и особено нивното влијание на глобалниот економски раст. Оваа криза доведе до пад на потрошувачката во целата еврозона, а исто така нанесе и штети на земјите кои го користат еврото.
Кристин Лагард на годинешниот заеднички состанок на ММФ и Светската банка во Токио изјави дека земјите од еврозоната сепак превземале одредени мерки со кои ќе биде спречено влошувањето на кризата, меѓутоа брз напредок не е на повидок. Таа додаде дека позитивна работа е тоа што интезивна работа за активација на Европскиот стабилизационен механизам е во тек, но сепак неговото функционирање ќе биде одложено поради усвојување на додатни закони и парламентарни процедури.
Состанокот помеѓу ММФ и Светската банка се одвива во време на зголемени политички тензии особено помеѓу Кина и Јапонија, двете најсилни економии во Азија. Односите помеѓу овие две земји се значителни влошени, особено во последните неколку недели откако Јапонија соопшти дека купила неколку острови во Источното кинеско море, каде права поседуваат и Кина и Тајван.