Лагард: Инфлацијата ќе слабее

44

Прекините во снабдувањето и зголемените трошоци за енергија се очекува да попуштат следната година, што би значело значително помала инфлација, но периодот на нормализација на цените ќе трае подолго од очекуваното, изјави шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

ЕЦБ очекува остар пад на инфлацијата следната година, откако потрошувачките цени се зголемија за 4,1 отсто во октомври, според проценките на Евростат, најмногу во последните 13 години.

Лагард упорно ги отфрла сугестиите дека треба да се заостри монетарната политика во еврозоната, повторувајќи ја пораката на ЕЦБ дека условите за зголемување на каматните стапки најверојатно нема да бидат исполнети следната година, бидејќи се очекува инфлацијата потоа да падне под планираните два отсто, пренесува Хина.

Во септември, ЕЦБ прогнозираше дека инфлацијата во еврозоната следната година ќе се спушти во просек до 1,7 отсто, а во 2023 година до 1,5 отсто.