
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ја повика Европската комисија да ги отстрани внатрешните трговски бариери, предупредувајќи дека тие ја задушуваат конкуренцијата.
Лагард конкретно истакна дека гореспоменатите бариери ги намалуваат иновациите, продуктивноста и инвестициите низ целата Европска Унија, објави „Еуроњуз“.
Претседателката на ЕЦБ, од друга страна, истакна дека економијата на Еврозоната покажала отпорност и покрај геополитичките и економските шокови.











